МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Законите што не ги потпиша Иванов го чекаат Џафери

Законите што не ги потпиша Иванов го чекаат Џафери

вторник, 12 март 2019, 14:55ч.   |   Xh.I.

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише, ќе треба повторно да се најдат во собраниска процедура и ќе мора да бидат донесени со најмалку 61 пратеник, по што тој ќе има обврска да го потпише указот за нивно стапување во сила. Од 1 април Собранието нема да заседава заради одржување на претседателските избори, така што законите ќе треба дотогаш да се најдат во собраниска процедура. Во моментов претседателот на Собранието Талат Џафери е на службен пат во Романија и Литванија, а по неговото враќање ќе се знае дали и кога тие ќе бидат ставени на дневен ред.

Членот 75 од Уставот предвидува дека законите се прогласуваат со указ, кој го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, по што Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Овој член предвидува и оти претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Но, според информациите од собраниската прес-служба, не потпишал и три реформски закони, донесени со двотретинско мнозинство, а претходно не го потпиша ниту Договорот од Преспа кој исто така беше донесен со двотретинско мнозинство, по што без негов потпис беше објавен во Службен весник.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска оцени дека со непотпишувањето на законите Иванов продолжува со деструктивната политика. Смета дека земјава е парламентарна демократија и оти Собранието го има последниот збор во однос на носењето на законите.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање по средбата со собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, нагласи дека секој обид за упад во системот, без промена на Уставот, во смисла на воведување претседателски систем е недозволиво.

-Собранието ќе најде начин како да ја врати својата уставна должност, да биде последниот збор во носењето закони, како што е во секоја парламентарна демократија. Ниту извршната власт, ниту претседателот го немаат последниот збор во носењето закони, го има само Собранието и тоа ќе си ги задржи своето право се додека сме парламентарна демократија – рече Османи.

Претседателот на собраниската Комисија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, пак, истакна дека дел од законите, кои се уште го немаат потписот на Ѓорге Иванов се токму оние во сферата на реформи на безбедносно-разузнавачкиот систем, меѓу нив и тој за ОТА и додаде дека тој самиот е еден од предлагачите. Напомена дека во Собранието завршува неговата надлежност и оти за непотпишувањето на Иванов, треба да се побара мислење од институцијата Претседател.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска рече дека претседателот Иванов го завршува мандатот онака како што го почнал, потенцирајќи притоа дека тоа било на штета на граѓаните, на реформите и против напредокот.

– Реформските закони се важни за граѓаните и за државата. Тој делува спротивно на интересот на граѓаните, но нема да ги стопира напредокот и реформите во нашата држава. Согласно деловникот одговорен за процедурите во Собранието е претседателот Талат Џафери и тој согласно тоа ќе постапи и ќе ги преземе надлежностите кои му се дадени со закон – рече Шахпаска.

Претседателот Иванов, како што информира вчера собраниската прес-служба, не потпишал шест закони донесени на 28 февруари и пет на 4 март и на 6 март 2019 година. Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.