МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Македонија
Заев – Теохаропулос: Договорот од Преспа е историски чекор и иднината ќе покаже дека е корисен за граѓаните на двете земји

Заев – Теохаропулос: Договорот од Преспа е историски чекор и иднината ќе покаже дека е корисен за граѓаните на двете земји

вторник, 12 март 2019, 14:55ч.   |   Xh.I.

Претседателот на Владата, Зоран Заев се сретна со Танасис Теохаропулос, претседател на политичката партија ДИМАР и пратеник во грчкиот Парламент.

На средбата, премиерот Заев ја истакна нивната храбра одлука како партија да го поддржат Договорот од Преспа, со што, како што подвлече Премиерот се преземаа конкретни чекори за реализирање на историските достигнувања за двете земји.

„Oтвораме ново поглавје на пријателство, поблиска соработка и стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, што ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните на обете земји“, рече премиерот Заев додавајќи дека Договорот од Преспа придонесува кон регионална стабилност и соработка, и е добар модел за целиот Балкански Полуостров.

Лидерот на Демократската левица, Теохаропулос, кој во грчкиот Парламент гласаше за ратификација на Договорот од Преспа и беше избришан од Движењето на промена, коалицијата на ПАСОК и Демократска левица, поради различниот став од мнозинството пратеници на Коалицијата, на премиерот Заев му упати честитки за исправната одлука во врска со Договорот од Преспа, која како што истакна е еден вид победа над национализмот.

Беше истакнато дека Северна Македонија ја има целосната поддршка за приемот во НАТО и беше понудена соработка за што поскоро исполнување на условите за почеток на преговорите со Европската Унија.

На средбата, соговорниците изразија одлучност за унапредување на меѓусебната доверба, разбирање и поддршка во иднина и развивање и зајакнување на веќе поставената економска и трговска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.