МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Занимиливости
Мајка си го заборавила бебето на аеродром, авионот морал да се врати

Мајка си го заборавила бебето на аеродром, авионот морал да се врати

вторник, 12 март 2019, 12:03ч.   |   L.E.

Авионот на една саудиска компанија бил приморан да се врати на аеродромот кратко по полетувањето од Куала Лумпур, бидејќи една од патничките се сетила дека си го заборавила бебето во чекалната.

Локалните медиуми објавија и снимка на која јасно се слуша гласот на пилотот додека бара дозвола од контролата на летање да се врати на аеродромот во Џеда.

„Нека Бог е со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатаму да правиме? Патничка го заборавила своето бебе во чекалната“, се слуша пилотот на снимката. Првично контролорот се посомневал во тоа што го слушнал, па побарал пилотот да го потврди барањето. Пилотот повторил, додавајќи дека патничката одбива да го продолжи патувањето без своето бебе.

„Добро, вратете се на терминалот. Ова е потполно нова ситуација за нас“, рекол контролорот на летот, дозволувајќи авионот да слета назад на меѓународниот аеродром „Крал Абдул Азиз“.

Патниците од летот за случката објавија и на друштвените мрежи. Дел од корисниците имале пофални коментари за пилотот, но останатите главно ја напаѓале или се расправале околу неодговорната мајка.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Оваа куќа се гради за еден ден, а чини помалку од 29.000 евра – отпорна е на земјотреси, има соларни плочи (Видео)
Ова чудо се појавило на плажа и ги изненадило биолозите (Фото)
На Гинекологија се роди најголемото бебе родено во државата
Еден од најагресивните видови: Воочено отровно суштество врз главите на патниците во авионот, веднаш почнала паника (Видео)
"Ми се закануваат со смрт" - Манекенката се соочува со сериозни навреди поради нејзиниот изглед
Момчето кое живееше со кучиња низ улиците во Москва, денес е успешен маж
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.