МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Култура
Најновото остварување на Теона Митевска во Скопје на 15 март

Најновото остварување на Теона Митевска во Скопје на 15 март

вторник, 12 март 2019, 11:50ч.   |   L.E.

 Македонската публика премиерно ќе може да ужива во најновото остварување на режисерката Теона Стругар-Митевска, со кое таа ги претстави македонските бои на Берлинскиот филмски фестивал. „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – што ќе можеме прв пат да го погледнеме на 15 март во кино „Милениум“, беше единствен наш претставник на фестивалот во Германија.

И не само тоа, филмот доби и две престижни награди: Ecumenical Award и Guild Film Prize.
Првата награда Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.
На премиерата во „Милениум“, Митевска ќе и се обрати на македонската публика.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Руската зима во кинотека почнува со „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на Шахназаров
„Медена земја“ ќе ја смени перцепцијата за македонскиот филм
Операта „Хофманови приказни“ во МОБ
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
„Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.