МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Технологија
Банка тестира дебитни картички со вграден скенер за отпечаток од прст

Банка тестира дебитни картички со вграден скенер за отпечаток од прст

вторник, 12 март 2019, 11:45ч.   |   L.E.

Денес постојат многу начини да се верификува трансакцијата при купување со кредитни картички – може да се внесе PIN, да се стави потпис, истите да се внесат во мобилна апликација па да се користи смартфонот и др.

 

Наскоро ќе постои уште еден начин за тоа. Холандската компанија за дигитална сигурност Gemalto работи на дебитна картичка со која трансакцијата ќе се верификува преку вградениот биометриски скенер, така што ќе биде потребно палецот да се држи на него и картичката да се допре до било кој терминал способен за безконтактно плаќање.

Овој футуристички систем ќе започне да се тестира од страна на англиската банка Natwest, која следниот месец вакви картички ќе понуди на 200 нивни клиенти.

Од Gemalto велат дека податоците за отпечатокот на прст се складираат на самата картичка и никогаш не ја напуштаат, правејќи ја потешка за потенцијално хакирање.

Во споредба со PIN и чиповите кои се вградуваат во сегашните картички, комплексноста на уникатниот отпечаток од прст е многу побезбедна.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.