МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Авто
Skoda Vision iV SUV концепт

Skoda Vision iV SUV концепт

вторник, 12 март 2019, 11:44ч.   |   L.E.

Skoda Vision iV е концепт на нов SUV модел изграден врз комплетно електричната MEB платформа на VW Group, базиран на Vision E концептот од 2017 Frankfurt Motor Show, а на пазарот треба да пристигне во 2021.

Vision iV концептот е напојуван од 2 електрични мотори (по еден на секоја оска) со комбинирана моќност од 306 коњски сили, забрзување од 0-100км/ч. за 5.9 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 180км/ч.

 

Моторите се напојувани од литиум-јонска батерија од 82kWh со водено ладење, монтирана помеѓу оските. Од Skoda велат дека овој батериски пакет овозможува домет од 500km., а ќе може да се наполни до 80% капацитет за 30 минути.

Концептот на овој SUV има врати без рачки со електронско отворање, камери наместо конвенционални ретровизори, огромни 22-инчни тркала и LED Matrix предни фарови.

Во внатрешноста има infotainment систем на средина на контролната табла, уникатен волан и дигитална инструмент табла, а целата внатрешност е направена од еколошки материјали.

 

 

На infotainment системот можат да се приклучат 2 мобилни телефони, кои исто така можат да се полнат и безжично.

Благодарение на мноштвото камери, ласерски скенери и системи за конективност, Vision iV има Level 3 автономност, што значи дека возилото може да преземе комплетна контрола врз управувањето, забрзувањето и врз сопирачките кога вози на автопат.

Останатата технологија која е вградена вклучува отклучување на возилото со телефон, постојана 5G конекција внатре во кабината, извештаи за сообраќајот во реално време и интелигентно препознавање на говор, кој според Skoda, може да препознае цели реченици и различни дијалекти.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
ТОП 5 АВТОМОБИЛИ: Кои автомобили тpoшат нajмногу а кои нajмалку гopиво!
Збогум за три модели на Opel
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.