МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Регион
Додик: Целиот српски народ мора да даде мислење за косовското прашање

Додик: Целиот српски народ мора да даде мислење за косовското прашање

петок, 01 март 2019, 14:09ч.   |   Z.H.

 Претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик во Белград изјави дека „Косово останува во Србија“, која конечно ќе одлучи по ова прашање.

 
– Без Србите, оваа приказна нема да биде заокружена- порача Додик, објаснувајќи дека ова значи оти „целиот српски народ на крајот ќе мора да даде свое мислење за косовското прашање“.
 
Коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека дијалогот Белград-Приштина треба да продолжи со цел постигнување сеопфатен обврзувачки правен договор во рамките на постоечките граници, што не подразбира создавање „Република Милорад Додик во Косово“, Додик рече дека не знаел оти Харадинај воопшто слушнал за него, но дека треба да знае дека „Република Српска – е република на српскиот народ“.
 
Додик, на прием во Белград по повод Денот на Република Српска, оцени дека „Косово не го признава половина од човештвото и не може да добие целосна меѓународна верификација”, додавајќи дека Србија има право на Косово и да тој го поддржува она што го прави српскиот претседател Александар Вучиќ по ова прашање.
 
– Треба да го зајакнеме Вучиќ тука во Србија како преговарач во еден важен момент за српскиот народ како целина, со цел со моќта на волјата на српскиот народ да може да донесува одлуки и да учествува во решавањето на ова тешко прашање- изјави Додик.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.