МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Регион
Хрватските писатели со осуда на тужбите против новинарите

Хрватските писатели со осуда на тужбите против новинарите

петок, 01 март 2019, 15:11ч.   |   Z.H.

 Хрватското друштво на писатели (ХДП) изрази загриженост поради зголемениот број тужби против новинарите, оценувајќи дека станува збор за „досега не виден притисок врз јавно искажаната вистина”, при што судовите се користат како „институција за цензура”.

 
– ХДП изразува сериозна загриженост поради се поголемиот број судиски тужби против новинарите и писателите, кои се изложени на постојани судски прогони при извршувањето на својата работа. Тужбите против новинарите во граѓански парници и големите парични казни што сте должни да ги платите по завршувањето на парниците, претставуваат досега невиден притисок врз јавно искажаната вистина и правото на граѓаните на оваа земја да ја дознаат вистината, се неведува во соопштението на ХДП.
 
Според хрватските писатели, праксата на тужење на радиотелевизиските куќи, весниците или порталите, се повеќе се заменува со покренување граѓански парници против новинарите, што го овозможуваат сегашните закони, кои под итно треба да се сменат.
 
– Од тоа целото општетство трпи немерлива штета, бидејќи судството се користи како институција за цензура и што е уште полошо, се испраќа порака до новинарите дека треба самите да се цензурираат, пред да ги цензурираат судовите со неколку десетици илјади куни, се додава во соопштението.
 
ХДП оценува дека од независноста на Хрватска немало толку „перфиден и безочен поход на политиката, центрите на моќ и поединици врз јавно искажаната вистина”.
 
– Во услови на изопачени вредности што владеат овде, сега можеби дури и повеќе отколку во некои минати времиња, скапо се плаќа јавно искажаната вистина. А би било нормално, како што е во цивилизираниот свет, душевната болка да се наплаќа само за лаги и клевети, се додава во сооопштението.
 
Хрватските писатели оценуваат дека денес во Хрватска им се суди на новинарите, а утре масовно ќе почне де им се суди на полемичарите, сатиричарите, писателите на епиграми или дури и на поетите”.
 
– Ако кон крајот на 19-от или во текот на 20-от век судовите вака изрекуваа парични казни, Матош ќе останаше и без единствените чевли, а Крлежа веќе не би имал ни за шешир. Овде не се суди само на новинарството, овде се суди и на литературата, културата и слободата, се заклучува во реакцијата на Хрватското друштво на писатели.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.