МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Економија
ССК: Три фактори за развој на градежништвото и севкупната економија

ССК: Три фактори за развој на градежништвото и севкупната економија

петок, 01 март 2019, 12:24ч.   |   L.E.

Скопје, 1 март- Препознавање на квалитетна градба, важност од сигурна инфраструктура која ќе ја користат многу генерации, како и регионално поврзување на градежните компании за реализација на регионални проекти се трите важни аспекти во функција на развој на градежниот сектор, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски истакна дека позитивен е трендот на препознавање и информирање на купувачите на станбен простор за квалитетот на градбата со примена на високи стандарди кога станува збор за високоградба, поточно градење на згради и на објектите за индивидуални домувања.

„Се повеќе купувачите на станбен простор се интересираат за квалитетот на градбата и тоа е позитивен тренд кој треба заеднички градежните компании со потенцијалните купувачи да го развивaaт за граѓаните да знаат да препознаат квалитетна градба. Само на тој начин ќе се поттикнува квалитетот, кој трае и за следни генерации и ќе се дава кредибилитет на сериозните градежни компании. Не смее да се нарушува угледот на инвеститорите со квалитетно портфолио зад себе, поради поединечни случаи кои треба да се санкционираат. Имлементацијата на квалитетни материјали со примена на најновите трендови за изградба на енергетски ефикасни станови со европски квалитет долгорочно значат двојна заштеда. Заштедата на финансиите е цел на секоја индивидуа, семејство, а во тој контекст инвестицијата во енергетски ефикасните домови е потреба и значи заштеда за во иднина“, истакна Јаќимовски и посочи дека токму во делот на високо градбата се уште состојбата е неизвесна и не се знае кога ќе се затвори проблемот со укинатите, а веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), што резултира со правна неизвесност на инвеститорите кои трпат големи финансиски штети.

Во делот на ниско градбата, поточно инвестиции во инфраструктура, изградбата на патиштата, железница, гасификација, кои спаѓаат во капитални инвестиции, очекуваме и апелираме на засилување на темпото во период кој следи. Целта е искористување на средствата предвидени во буџетот на нашата земја, бидејќи тие се основа не само за раст на градежништво туку и за севкупната економија.

„Согласно податоците на Министерството за финансии, нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари е нешто над 1%, што е релативно ниско, но не е ненадоместливо, бидејќи најголемата офанзива во градежништвото зависи од временските услови, и во најголем дел се реализира од 1 март до 15 декември. За 2019 предвидени се 418 милиони евра за крупните проекти во инфраструктурата и неопходно е да се трошат средствата предвидени за капитални проекти за природно да работат компаниите, да се покачуваат платите, а со тоа и стандардот на живеење“, истакна Јакимовски и додаде дека капиталните инвестиции мора да се реализираат за да може да се направи исчекор во економијата и да не се преслика состојбата од минатата година.

Третиот важен аспект, за раздвижување на градежниот сектор е да излеземе од границите, поточно ја истакнуваме важноста од регионалните градежни проекти во функција на развој на градежниот сектор, а со тоа и зголемување на конкурентноста и раст на економија на ниво на целиот регион.

„Градежните компании од регионот здружени во конзорциуми и кластери можат да ја унапредат продуктивноста и да бидат конкурентни да реализираат големи инфраструктурни проекти како во регионот, така и на трети пазари. Обединувањето на капацитетите во секторот градежништво, значи унапредување на регионална економска соработка во областа на градежништвото“, изјави Јаќимовски.

Градежната комора на Македонија, предупредува дека за успешна реализација на наведените три аспекти, треба да се работи на надминување на сивата економија во секторот која ја нарушува севкупната слика за градежништвото во нашата земја, особено делот на високоградба.

„Токму во таа насока со донесување на Законот за легализација на дивоградби треба да се стави фокус на елиминирање на нелојалната конкуренција, бидејќи секоја регистрирана градежна компанија, плаќа даноци кон државата и учествува во нејзиниот развој, за разлика од тие кои не плаќаат данци. Отворени сме за соработка со институции со наши предлози, конструктивно да работиме на заштита на компаниите што работат според правилата и придонесуваат во буџетот на државата “, додаде Јаќимовски.

Долгорочен развој на секторот градежништво, значи раст на сите 26 дополнителни стопански гранки поврзани со секторот, како и на севкупната национална економија.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Што велат Цветанка и Игор за нивното искуство со Cashback World картичките
Објавена најновата листа на должници на УЈП
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија
Двајца Македонци на листата „30 под 30” на Forbes за 2019 година
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.