МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Xроника
Тинејџер избодел две момчиња и избегал

Тинејџер избодел две момчиња и избегал

понеделник, 11 март 2019, 15:35ч.   |   L.E.

Скопје, 11 март- Две лица се здобиле со убодни рани што им ги нанел 17-годишен малолетник од тетовското село Вешала по тепачката што вчера се случила во двор од основно училиште во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Според полициските податоци, тепачката била пријавена вчера околу 16 часот и 40 минути, а според пријавеното во неа учествувале 17-годишник и К.К. (18), двајцата од тетовското село Вешала од една и В.М. (20), И.М. (24) од Тетово, како и А.И.(19) од тетовското село Сараќино од друга страна.

Малолетникот со остар предмет на В.М. и И.М. им нанел убодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и бил лишен од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица-Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од СВР Тетово.

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.