МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Xроника
Викендот во Скопје 23 сообраќајки, едно лице тешко повредено

Викендот во Скопје 23 сообраќајки, едно лице тешко повредено

понеделник, 11 март 2019, 12:09ч.   |   L.E.

Скопје, 11 фебруари- Возач се здобил со тешки телесни повреди, а 19 лица се полесно повредени во две од вкупно 23 сообраќајки во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во девет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 73 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, 19 возачи за не носење сигурносен појас и 28 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 25 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 39 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и девет возачи почетници, како и три технички неисправни возила и 37 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 253 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 157 возила.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.