МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Култура
Андова-Шопова, Андоновски и Урошевиќ во најтесен круг за наградата „Роман на годината“

Андова-Шопова, Андоновски и Урошевиќ во најтесен круг за наградата „Роман на годината“

понеделник, 11 март 2019, 12:15ч.   |   L.E.

„Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“); „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“) и „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова („Темплум“) се трите романи кои беа издвоени од страна на жири-комисијата и влегуваат во најтесен круг за наградата „Роман на годината“ за 2018 година.

Жирито во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, ги издвои трите споменати романи како најдобри меѓу кои ќе бираат кој ќе ја однесе престижната литературна награда.

Насловот на наградениот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 15 март, во 12 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април, исто така во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.

Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе го соопшти годинашниот лауреат на 15 март.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.