МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Здравје
Пушењето во бременоста двојно го зголемува ризикот од смрт за бебето

Пушењето во бременоста двојно го зголемува ризикот од смрт за бебето

понеделник, 11 март 2019, 12:13ч.   |   L.E.

Пушење на само една цигара дневно за време на бременоста, може двојно да го зголеми ризикот од ненадејна смрт на бебето, се тврди во студија која анализирала повеќе од 20 милиони раѓања, вклучувајќи и податоци за 19 000 бебиња кои починале ненадејно.

Студијата објавена во списанието Pediatrics, која анализирала податоци за пушењето за време на бременоста од американските центри за контрола на болести и превенција на бебешка смрт помеѓу 2007 и 2011 година, утврдила дека ризикот од смрт се зголемува за 0,07 % со секоја додатна цигара.

Во моментот кога ќе испушите цела кутија цигари, ризикот од ненадејна смрт на бебето се зголемува за три пати повеќе во споредба со бебињата на трудниците кои не пушат.

“Еден од најважните и најсилните резултати кои би ги издвоил од истражувањето е дека дури и пушењето на една или две цигари влијае на ненадејна смрт на децата”, изјави за CNN пулмологот Седрик Ратланд од Американската белодробна асоцијација, кој учествувал во истражувањето.

Главната авторка Татјана Андерсон, невронаучник од Детскиот истражувачки институт во Сиетл, вели дека секоја цигара се брои. Според неа, лекарите треба да зборуваат со своите пациенти и да им кажат дека мора да престанат да пушат затоа што така ќе ги намалат ризиците од изненадна смрт кај своето бебе. Дури и ако не можат веднаш да престанат, секоја цигара што нема да ја испушат во текот на денот ќе биде од помош.

Истражувањето покажало директна врска помеѓу пушењето на мајката и синдромот на изненадна смрт кај бебето. Според Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство, 23 % до 34 % на изненадна смрт кај бебињата и 5 % – 7 % на предвремени породувања кои завршиле со смрт се припишуваат на пушењето на трудниците.

Децата на пушачите имаат повисок ризик за развој на астма, грчеви во стомакот и дебелина во детството, а пасивното пушење за време на бременоста може да ја намали родилнатга тежина на бебето за 20 %.

И покрај значајното намалување на стапката на пушачи во САД, статистиката покажува дека околу 338 000 жени годишно изјавуваат дека пушат за време на целата бременост. 55 % од нив изјавиле дека не сакаат или не можат да престанат со пушење.

Според проценките на истражувањето, доколку трудниците не пушат за време на бременоста, тоа би можело да го спаси животот на околу 800 бебиња годишно.

Ако жената пуши 3 месеци пред да забремени и продолжи да пуши во првиот триместар од бременоста, тоа го зголемува ризикот од изненадна смрт на бебето за 50 %. Според авторката на истражувањето, жените треба сериозно да ја сфатат оваа порака и ако планираат бременост да престанат со пушење најмалку 3 месеци пред воопшто да почнат со обиди за забременување.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Испијте само една голтка од ова секое утро и црниот дроб ќе ви биде благодарен
Ве мачи киселина во желудникот по само една чаша кафе
Еве што ќе ви се случи ако секој ден јадете по две банани
Никако не ги комбинирајте овие производи: Поради овие грешки ви страда желудникот!
Грешки кои ги правите со витамините, а за кои не сте ни свесни
Го штитат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.