МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Култура
Битола одбележа 55 години од смртта на браќата Манаки и 40 години од ИФФК „Браќа Манаки“

Битола одбележа 55 години од смртта на браќата Манаки и 40 години од ИФФК „Браќа Манаки“

недела, 10 март 2019, 10:18ч.   |   L.E.

На Влашките гробишта во Битола, на вечното почивалиште на Милтон Манаки, на 5 март беа одбележани 55 години од смртта на Милтон Манаки. Почит одадоа заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници од советот на Општина Битола, како и други делегации.


Денешниот ден е спомен на уште еден голем јубилеј, кој означува 40 години од раѓањето на идејата за почеток на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.

 

На овој ден се роди идејата за организирање на фестивал во чест на Браќата Манаки. После церемонијата која беше одржана на Влашките гробишта 1979 година, заедно со делегацијата која учествуваше на чествувањето, отидовме кај тогашниот претседател на Општината Битола и падна одлуката, Битола да биде домаќин на еден фестивал, или одредена манифестација, која ќе биде се со цел да се вреднува делото на Браќата Манаки. Така, се роди првиот фестивал на филмската камера, кој најпрво беше како собир на филмските сниматели, за денес да го имаме големиот фестивал на Браќата Манаки, познат низ целиот свет. Денес е и роденден на Фестивалот на Браќа Манаки, изјави Стевче Хаџиантоновски, Комуна на Власите – Арм‘ните „Браќа Манаки” – Битола.

ИФФК Браќа Манаки, големата фотодокументација зачувана во историскиот архив во Битола, филмската документација, која што се чува во Кинотека на Македонија, како и ФАДФ Камера 300 се дел од активностите преку кои, се вреднува и континуирано се негува ликот и делото на Браќата Манаки.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.