МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Здравје
Добра вест за љубителите на чоколадо

Добра вест за љубителите на чоколадо

недела, 10 март 2019, 10:15ч.   |   L.E.

 Конзумирањето на помали количества на чоколада може да ја намали шансата за добивање на срцев удар, се тврди во една нова студија.

Експертите тврдат дека конзумирањето на две до шест мали порции чоколадо неделно, ја намалува шансата од нерегуларна работа на срцето за 20 отсто.

До ваквиот заклучок тие дошле истражувајќи ја поврзаноста меѓу конзумирањето на чоколада и нерегуларната работа на срцето, проблем со кој се соочуваат 33,5 милиони луѓе во светот.

Експертите советуваат да се конзумираат производи со повисок процент на какао, кои се многу здрави и за протокот на крвта.

Истражувањето покажа дека и мали количества на внес на какао можат да имаат позитивни ефекти врз здравјето, изјави раководителот на истражувачкиот тим Елизабет Мостофски од Медицинскиот факултет на „Харвард“.

Фибрилацијата на артериите е најчеста аритмија во општата популација која создава проблем на постари години, а најчесто ги погодува мажите. Предизвикува вртоглавица, останување без воздух и замор. Сето тоа го зголемува ризикот од срцев удар, заболување од деменција, а на крај може да доведе и до смрт.

Во истражувањето учествувале 55.502 лица на возраст од 50 до 64 години од Данска, каде се утврдени 3.346 случаи на фибрилација на артериите. Лица кои јаделе 28,35 грама чоколада неделно за 17 отсто го намалиле ризикот од фибрилација, за разлика од група која јадела помало количество еднаш неделно.

Важно е да се истакне дека многу поголеми количини на конзумирање на чоколада не давале подобри резултати./курир.мк

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.