МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Технологија
Xiaomi Redmi Note 7 Pro: Помоќен, попремиум, но сеуште со ниска цена!

Xiaomi Redmi Note 7 Pro: Помоќен, попремиум, но сеуште со ниска цена!

недела, 10 март 2019, 10:12ч.   |   L.E.

Xiaomi, кралот на буџетските смартфони, неодамна го претстави својот нов уред, следбеникот во Redmi серијата:

Нема големи промени во однос на дизајнот со Note 7, но дефитивно можете да ги разликувате. Note 7 Pro има стаклен и сјајен дизајн (Gorilla Glass 5), кој му дава попремиум изглед. Ваквиот тренд е популарен кај речиси сите уреди од средната класа, на пример, кај смартфоните на Huawei. Кога купувате уред со ниска цена, тоа веќе не значи дека мора да доаѓа со пластична и евтина конструкција. Наместо тоа, добивате уред кој изгледа како да лини 2 до 3 пати повеќе.

На предната страна има голем, 6.3 инечн LCD панел со резолуција од 2380x1080 пиксели, истотака заштитен со Gorilla Glass 5. Иако рамките се минимални, онаа на долната страна е малку позабележлива , додека на горната страна има notch за селфи камерата.

 

Xiaomi’s Redmi Note 7 Pro is official: more powerful, more premium, still affordable
Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 675. Компанијата тврди дека овој процесор е оптимизиран за видео игри и лесно ќе ги извршува секојдневните обврски. Процесорот е придружен од две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија и друга со 6GB RAM и 128GB меморија. Интересно е што Redmi Note 7 Pro е првиот уред во Redmi серијата кој доаѓа со 128GB меморија, која може да биде проширена до 256GB. Работи на батерија од 4,000 mAh.
Навраќајќи се на камерите, на задната страна се наоѓа дуален систем камери, со сензори од 48 и 5 мегапиксели, додека селфи камерата е од 13 мегапиксели. Достапен е во сина, црвена и црна боја. Неговата почетна цена е 197 долари.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.