МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Култура
Хуманитарна изведба на претставата „Ревизор“ на ФДУ

Хуманитарна изведба на претставата „Ревизор“ на ФДУ

сабота, 09 февруари 2019, 10:19ч.   |   L.E.

 Студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности вечер ќе ја изведат на претставата „Ревизор“. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите.

Средствата што ќе се соберат ќе и бидат предадени на Снежана Караџовска, која во сообраќајна несреќа ги изгуби двете нозе над колена. Таа треба да направи операција во болницата „AOFE“ во холандскиот град Утрехт, каде што ќе добие протези и обука за кликпротези и ќе може повторно да прооди.

На влезот во салата, пред почетокот и по завршувањето на претставата, ќе биде оставена кутија, каде посетителите ќе можат да ги донираат средствата.

Тие кои не се во можност да дојдат на изведбата на претставата, а сакаат да донираат, тоа можат да го направат на телефонските броеви: 070 143-191 (Телеком) и 078 143-478 (Вип). Средства може да се уплатат и на жиро сметка: За Македонија – Снежана Караџовска Скопје, денарска жиро сметка: 300-007016373883, Комерцијална банка АД Скопје, цел на дознака-лекување во странство. За странство – Snezana Karadzovska ul. Ograzden br. 4/1-9, 1000 Skopje, IBAN MK07300307010243080, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, Komercijalna banka AD Skopje Macedonia.

Претставата „Ревизор“ е испит по предметот актерска игра 4 на студентите од катедрата за драмски актери-четврта година во класата на проф. М-р. Мими Таневска и дем. Ангелчо Илиевски.

Ликовите ги толкуваат: Антон Антонович – Томислав Давидовски, Ана Андреевна – Стефанија Митовска, Марија Антоновна – Наталија Ристеска, Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски, Амос Фјодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски, Артемиј Филипович Земљаника – Исмет Шабановиќ Иван Кузмич Шпекин – Стефан Спасов, Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски, Петар Иванович Бопчински – Марјан Наумов, Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски Февроња Петровна Пошљапкина – Елена Кузманов, Подофицерката Ивановна – Ана Димитрова.

Претставата „Ревизор“ беше наградена за најдобра претстава на фестивалот „Dioniz 2018“, што се одржува во Џаково, Хрватска.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.