МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Занимиливости
Во Уганда туристите ќе ги привлекуваат со жени со раскошни облини

Во Уганда туристите ќе ги привлекуваат со жени со раскошни облини

сабота, 09 февруари 2019, 10:13ч.   |   L.E.

 На листата туристички атракции, покрај природните убавини и националните паркови, додадени се и жените со раскошни облини.

Уганда има нова туристичка стратегија со која промовира природно надарени жени во земјата.

Министерот за туризам, Гадфри Киванда, промовираше натпревар за убавина наречен „Miss Curvy Uganda“, со цел да се промовира туризмот во земјата.

На листата туристички атракции, покрај природните убавини и националните паркови, додадени се и жените со раскошни облини.

Изборот на убавина е одржан покрај базен во градот Кампала, а покрај убавиците се појави и министерот, кој позираше со нив.

„Имаме природно убави жени со раскошни облини, кои се вистинско уживање за гледање. Зошто тоа да не го искористиме како стратегија за промовирање на туризмот:“, прашува Киванда.

Тој додава дека изборот е поинаков од оној на кој се натпреваруваат слаби девојки.

На овој избор можат да се пријават девојки од 18 години до 35, и покрај убавината девојките го промовираат и својот интелект.

Но, не се сите одушевени од иницијативата на министерот.

„Дами и господа, сега сме 2019 година, а целиот туристички одбор се собрал и одлучил да покрене вакво нешто. Тие луѓе имаат деца“, напиша на Facebook Примроуз Нјонјози Мурунги, активистка од Уганда.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Хирург заспива додека ја држи тукушто „прикачената“ рака на негов пациент, а причината за тоа остава без зборови
Ним не им е ладно: Убавици од Русија се капеле во ледена вода! (Фото)
Годишна плата од 57.000 евра за 4 работни дена неделно – никој не им се пријавува
Село во Италија плаќа 2.000 евра на секој што ќе се пресели таму
Оваа куќа се гради за еден ден, а чини помалку од 29.000 евра – отпорна е на земјотреси, има соларни плочи (Видео)
Урнат рекордот по „лајкови“ на Инстаграм
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.