МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Регион
Совет за безбедност на ОН: Косово мора да ги укине таксите за Србија и БиХ

Совет за безбедност на ОН: Косово мора да ги укине таксите за Србија и БиХ

петок, 08 февруари 2019, 10:59ч.   |   Z.H.

 И покрај претходното противење на извесен број членки на Советот за безбедност на ОН, синоќа се одржа расправа за тримесечниот Извештај на УНМИК за ситуацијата на Косово на која приштинските институции едногласно беа повикани да ги укинат таксите од 100 проценти за производи од Србија и БиХ.

 
Амбасадорите, сепак, изнесоа различни ставови во врска со идната динамика на одржување седници за ситуацијата на Косово.
 
Рускиот амбасадор Василиј Небензја рече дека Русија ја дели загриженоста со Србија поради сериозноста на ситуацијата со Косово. Тој на косовската амбасадорки Вљора Читаку, која состанокот го нарече „шарада“, и рече дека ако мисли така не била обврзана да дојде, иако е поканета. Тој додаде дека Русија не прифаќа Косово да се симне од дневниот ред на СБ на ОН и оти треба да биде под постојана контрола на ова тело затоа што ситуацијата е нестабилна и секој момент може да излезе од контрола.
 
Кина исто така истакна дека го почитува суверенитетот на Србија и резолуцијата 1244 и Унмик, и подвлече дека е потребно да се пронајде решение за дијалог во рамките на таа резолуција. Претставникот на Кина рече дека СБ на ОН треба да ги продолжи дискусиите за Косово.
 
Амбасадорката на Велика Британија Карен Пирс ја поздрави работата на УНМИК и истакна дека Косово повеќе не е „акутна криза“, како и дека има многу поважни проблеми во врска со меѓународниот мир.
 
Претставникот на Германија Кристоф Хојсген повика да се направи стратешка проценка на мисијата на Унмик на Косово во согласност со состојбата на терен, додавајќи дека многу задачи на Унмик можат да преземат други организации. Тој рече дека единствен начин Србија да влезе во ЕУ е успешен дијалог и признавање на Косово.
 
Американскиот амбасадор Џонатан Коен рече дека УНМИК го исполнил својот мандат и оти одамна поминало времето за намалување на мисијата на тоа тело. Тој потсети дека САД и претходно барале намалување на мисијата на Унмик, а побара и „итен напредок“ во дијалогот со итно укинување на таксите.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Нова порно афера ја тресе Србија: Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.