МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Регион
Харадинај: Ниту Тачи, ниту јас не сме сопственици на Косово

Харадинај: Ниту Тачи, ниту јас не сме сопственици на Косово

петок, 08 февруари 2019, 09:58ч.   |   Z.H.

 Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ниту шефот на државата Хашим Тачи, ниту тој, не се „сопственици на Косово“.

 
– Ние не сме сопственици на Косово, каде живеат два милиона луѓе. Тоа е чинот на прогласување независност. Ако некој си дозволи да преговара за територијата на Косово, тој е против уставот, истакна Харадинај во интервју за приштинската телевизија Т7.
 
Харадинај е уверен дека со Белград би било полесно да се постигне договор доколку не е отворена темата за корекција на границите. Тој смета дека тоа прашање за промена на границите ги нарушило односите на Приштина со „пријателите на Косово“.
 
Косовскиот премиер синоќа доби поддршка од својата партија Алијанса за иднината на Косово да не се откажува од таксите кои се воведени на производите од Србија и БиХ се додека не ја признаат независноста на Косово.
 
Највисоките органи на партијата потврдија три принципи од кои не смее да се отстапи при продолжувањето на дијалогот со Белград. Станува збор за „почитување на косовскиот Устав и декларацијата за независност од 17 февруари 2008 година, неусловен дијалог со Белград и 100-процентно зголемените такси на производите од Србија и БиХ до взаемното признавање“.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
Холандскиот Парламент изгласа суспензија на визниот режим за Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.