МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Свет
Нови разговори за Брегзит предвидени од следната недела

Нови разговори за Брегзит предвидени од следната недела

петок, 08 февруари 2019, 12:55ч.   |   Z.H.

 Британската премиерка Тереза Меј ќе се сретне со шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние в понеделник во Стразбур, јави дописничката на МИА од Брисел.

 
Помалку од два месеца до крајниот датум за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, предвидено на 29 март, и во отсуство на напредок во преговорите меѓу двете страни, британската премиерка ќе се сретне со Мишел Барние на 11 февруари во Стразбур. Истиот ден Барние треба да оствари средба со неговиот британски колега, Стивен Баркли.
 
Потоа, кон крајот на овој месец, Меј повторно ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, иако сѐ уште не се соопштува точен датум.
 
Откако британскиот Парламент го отфрли договорот за брегзит, преговорите се во ќор-сокак а шансите за Брегзит без договор се сѐ поголеми.
 
Меј и Јункер се сретнаа на 6 февруари во Брисел, но ЕУ и натаму одбива повторно да ги отвори преговорите за ирската граница и бекстопот, најголемиот камен на сопнување меѓу двете страни.
 
По средбата, британската премиерка и шефот на ЕК се договорија да продолжат да бараат решение и покрај разликите, кое ќе го задоволи британскиот парламент, а истовремено ќе ги почитува условите поставени од страна на земјите членки на ЕУ.
 
Иако земјите членки повторуваат дека не може да се отвора повторно досието, сите стравуваат од неизвесноста на Брегзит без договор.
 
Меј бара правно обврзувачки измени за решението за ирската граница и бекстопот. Бекстопот е гаранцијата која ја бараат европските земји за избегнување на физичка граница во Ирска сѐ додека не се постигне договор за идното партнерство на ЕУ и Лондон. Меѓутоа, голем број британски пратеници сметаат дека бекстопот како што е предложен де факто значи останување во ЕУ и усогласување со сите правила на внатрешниот пазар и царинската унија, што би и оневозможило на Британија да склучува трговски договори со трети земји самостојно.
 
ЕУ од своја страна сака да избегне ризици за својот внатрешен пазар со оглед на тоа дека во Ирска не смее да се појави физичка граница, а истовремено треба да се заштитат стандардите на европскиот пазар. 

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион
Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа
Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.