МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Предлог листата за нови антикорупционери пред Комисијата за избори и именувања

Предлог листата за нови антикорупционери пред Комисијата за избори и именувања

петок, 08 февруари 2019, 09:30ч.   |   Xh.I.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница треба да расправа за утврдување на Предлог – листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Предлог-листата  е со имињата и бодовите за 56 кандидати кои беа интервјуирани во изминатите денови од Комисијата за селекција, од вкупно пријавените 57 на огласот. Секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 бодови кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.

Прворангиран со 100 бодови е кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени е Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67  бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89, 29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86,  Ељуард Муртезани со 73,57…

По  гласањето во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, новиот состав на Антикорупциската комсија треба да биде усвоен и на пленарна седница.

При изборот, што се врши според новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интересите,  важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на еднаква родова застапеност.

Роковите за избор, според новиот закон, се скратени со цел новата комисија да се формира пред да почне кампањата за претседателските избори, што треба да бидат распишани денеска.

Новиот Закон за спречување на корупцијата предвидува за претседател и членови на ДКСК да не може да биде избрано лице кое во последните 10 години било донатор на политичка партија, пратеник или член на Влада. Воедно новите членови мораат да имаат шестгодишно работно искуство во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото и да имаат завршено правни, економски, политиколошки или комуникациски студии.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.