МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Спорт
Секулов стандарден во тимот на Италија

Секулов стандарден во тимот на Италија

петок, 08 февруари 2019, 09:27ч.   |   Xh.I.

Фудбалерот на Јувентус е на списокот на селекторот Кармине Нунциата за пријателските натпревари со соодветната селекција на Србија на 12 февруари на стадионот „Комунале ди Тамаи” во Бругнера, како и на 14 февруари на стадионот „Отавио Ботекија” во Порденоне.

Ова се последни тестови за „Аѕурини” пред елитната фаза од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во Турција. Италијанците ќе играат против Австрија и Романија.

Во ноември минатата година Секулов дебитираше за „Аѕурите” со тоа што играше на турнир одигран меѓу три младински селекции на Италија. Потоа беше дел од тимот кој во декември играше пријателски меч со Франција, а во јануари оваа година играше тест натпревар против Шпанија.

Секулов кој е роден во Пјаченца во континуитет е на списокот на Нунциата, и очигледно селекторот е задоволен од него.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.