МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Технологија
Германија упати барање до „Фејсбук“ во врска со личните податоци на корисниците

Германија упати барање до „Фејсбук“ во врска со личните податоци на корисниците

петок, 08 февруари 2019, 08:19ч.   |   L.E.

 Антимонополното тело на Германија побара од платформата „Фејсбук“ да прибира помалку информации за корисниците на мрежата доколку истите не дале согласност.

Регулаторното тело започна истрага околу социјалната мрежа поради сомненија дека голем број корисници не се свесни за активностите на компанијата.

Истрагата вклучува информации прибрани од извори како и останатите апликации кои се во сопственост на „Фејсбук“, вклучувајќи ја и „Инстаграм“.

Компанијата изјави дека ќе поднесе приговор со образложение дека „Фејсбук“ може да продолжи да прибира податоци, но не смее да ги комбинира со главниот профил на корисникот доколку корисникот не даде согласност.

Регулаторното тело додава дека задолжителното поле за штиклирање со кое корисникот дава согласност за користење на неговите лични податоци не е доволно за да се процесираат информации од таков карактер.

„Фејсбук“ има еден месец да упати приговор пред оваа одлука да стапи во сила.

Доколку одлуката стапи во сила, компанијата е должна да изнајде техничко решение во рок од 4 месеци./Makfax

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.