МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Спорт
Симеоне го посочи најважниот играч во тимот на Реал пред големото дерби

Симеоне го посочи најважниот играч во тимот на Реал пред големото дерби

петок, 08 февруари 2019, 15:57ч.   |   Xh.I.

Утре попладне на програмата е големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал на „Ванда Метрополитано“, а истото ќе биде посебно интересно за неколку актери на теренот, но дефинитивно посебно се издвојуваат Алваро Мората и Тибо Куртоа кои ќе се соочат со своите поранешни соиграчи.

Мората како поранешен играч на Реал сега ќе ги напаѓач своите доскорашни соиграчи, додека Куртоа ќе игра пред навивачите кои сигурно ќе бидат доста остри кон него поради тоа што направи трансфер во лутиот ривал. Симеоне одлучи оваа тема да ја остави на страна на денешната прес-конференција и им остави на сите да се однесуваат на теренот и трибините онака како што сметаат дека треба, но затоа напомена кој е најважниот играч во ростерот на Сантијаго Солари.

– Модриќ и натаму е најважниот играч во играта на Реал Мадрид. Секогаш кога е на теренот и кога игра за Реал, тој е клучен и одлучувачки за нивнатата игра, – истакна Симеоне кој потенцираше дека Реал е многу подобар тим под водство на неговиот сонародник.

– Утре ќе имаме за противник тим кој е многу подобар по пристигнувањето на Солари. Навистина го знам многу одамна и мило ми е што утре ќе се поздравам со Аргентинец пред дербито, – додаде Чоло.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.