МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Xроника
Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

петок, 08 февруари 2019, 13:42ч.   |   L.E.

Скопје, 8 фебруари- Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.

 

-Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

Додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Дваесет и деветгодишен скопјанец го пронашол својот син мртов
Скопјанец заврши во болница: На сила го ставиле во кола, па го однеле на Камник и го претепале
Младо момче пронајдено мртво во својот дом
TPAГEДИJA BO CKOПJE: Пoчинa бебе во скопски Илинден!
Бомба во „Мавровка“, оштетени локали
Трагедија во Македонија: Возило излета од патот, на лице место почина ученичка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.