МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Нови оддели, апаратура и биолошка терапија за болните од мултиплекс склероза на Неврологија

Нови оддели, апаратура и биолошка терапија за болните од мултиплекс склероза на Неврологија

петок, 08 февруари 2019, 13:30ч.   |   Xh.I.

Нови оддели се отворени во рамки на Универзитетската клиника за неврологија. Станува збор за одделот за мускулна биопсија и патохистолошка дијагностика на невромускулните болести, кој не работеше повеќе од пет години, и за негово отворање Клиниката обезбедила нов апарат криостат (за замрзнување и сечење на мускулното ткиво), одделот за ликворна дијагностика, кој е во склоп на биохемиската лабораторија, каде ќе се вршат пософистицирани испитувања на цереброспиналниот ликвор, како и Дневен центар за интравенска терапија на болни со мултиплекс склероза.

По тој повод Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

– Клиниката за неврологија со условите кои ги нуди за своите пациенти веќе наликува на современите болници во Европа. Новиот апарат за биопсија на мускул за пациентите ќе овозможи попрецизна дијагноза на невромускулните болести. Бенефит, пак, од лабораторијата за испитување на мозочната течност која е една од најсовремените ќе биде побрзата и попрецизната детекција на дијагностицирање на болестите на мозокот. Ова претставува нова метода во нашиот здравствен систем, истакна Заев.

Посочи дека конечно болните од мултиплекс склероза од сега таканаречената биолошка терапија ќе ја примаат на Клиниката за неврологија под соодветен медицински надзор во новата дневна болница отворена токму за нив.

– Иако за себе не можам да кажам дека сум некој посебен експерт во областа на здравството, но знам дека сето ова во голема мерка ги унапредува условите за лекување на нашите граѓани, но и ја подобрува состојбата на македонското здравство во целина. Благосостојбата и здравјето на граѓаните се во нашиот фокус. Годинава во буџетот за здравствена заштита се издвоени средства во износ од 30 милијарди денари, што во споредба со 2018 година е за околу две милијарди денари повеќе, потенцира Заев.

Нагласи дека предвидено е зголемување на средствата за здравствените програми, болничкото лекување за одделни ранливи групи ќе биде бесплатно, а обезбедени се пари за набавка на нови лекови за пациентите со ретки болести.

– Донесовме одлука новиот Универзитетски клинички центар да се гради во месноста Веле поле во Ѓорче Петров, а во континуитет растат и платите на медицинскиот кадар. Ве уверувам дека Владата многу наскоро како Влада на Република Северна Македонија и натаму неуморно ќе работи за граѓаните. Ќе создаваме здравствен систем според европски стандарди, здравствен систем кој во центарот на своето внимание секогаш ќе ги има пациентите, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека повторно се воспоставува дополнителен број пациенти на нова биолошка терапија, а профукционира и лабораторијата на мускулна дијагноза со што овој центар е единствен кој во државата ја дава услугата за дијагноза на невромускулните болести.

Појасни дека ја посетиле и дневната болница, каде ќе се дава терапија за пациентите со мултиплекс склероза, како во современите земји.

– Подготвуваме групна набавака на биолошка терапија, што овозможи на крајот на минатата година, а посебно годинава зголемен број пациенти да ја примаат. Досега ја примаат девет пациенти со мултиплекс, а од оваа година 45. Нова метода пред неколку месеци се направи на Клиниката мултидисциплинарно заедно со клиниките за радиологија и неврохирургија, а тоа е треманот на мозочен удар која е најсовремена метода која се имплементира во сите современи центри ширум светот.  Тоа значи дека ако пациентот дојде во скоро време од почеток на симптомите за мозочен удар, некаде три до четири ипол часа може тромбот да се извади од запушениот крвен сад во мозокот, циркулацијата повторно да се воспостави и значајно да се намалат последиците и да се спаси животот, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов рече дека освен што вршат едукација на медицински сестри, студенти и специјализанти по неврологија се занимаваат и со болничка дејност. Посочи дека во 2018 година низ нивните амбуланти поминале 31.000 пациент, а болнички лекувале 1.800 пациенит.

– Најчеста патологија се мозочните удари кои се обидуваме да ги лекуваме на најсовремен начин. Најновите технологии, тромболизата е воведена веќе неколку години. При крајот на 2018 година почнавме со лекување на пациентите со механичка тромболиза. Втори по фреквенција се пациентите со мултиплекс склероза, ги имаме регистрирано околу 1.000 во Македонија и може да се пофалиме дека голем број речиси 460 се на биолошка терапија од кои на најновите лекови во моментов имаме 30 пациенти. Со програмите за годинава имаме зголемување за 300 отсто на бројот на пациенти кои ќе бидат опфатени со оваа интравенска биолошка терапија и први во регионот ќе набавиме нов иновативен лек кој се користи во терапија на пациентите со мултиплекс склероза, додаде Барбов.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.