МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Кумуцакос: Денеска се затвора историски циклус што почна со гордост, а завршува со капитулација

Кумуцакос: Денеска се затвора историски циклус што почна со гордост, а завршува со капитулација

петок, 08 февруари 2019, 13:29ч.   |   Xh.I.

Денеска за Грција се затвора еден историски циклус од 11 години, што почна со гордост, а завршува со капитулација.

Рече надлежниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија и известувач за нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, Јоргос Кумуцакос на почетокот на неговиот говор во грчкиот Парламент и се наврати на Самитот на НАТО во Букурешт, во 2008 година, „кога Караманлис, Бакојани и Меимаракис, до крај дадоа отпор на различните, упорни и силни притисоци да се согласат за членство на Скопје во НАТО", јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос ги повтори неговите ставови изнесени на вчерашниот состанок на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи дека денешното гласање е само технички и формален дел на веќе донесените одлуки и „формално затворање на штетниот договор".

Тој истакна дека „Скопје веќе ужива во позитивните резултати од договорот" и упати прашање, „кои се конкретните позитивни резултати за Грција?".

-Интеграцијата во НАТО е првиот опиплив и конкретен позитивен резултат од договорот за Скопје. Со право слават. Со право слават, кога обезбедија признавање од вас на македонски јазик и идентитет, а сега обезбедуваат и членство во НАТО. Следи и процесот за отворање преговори за Европската унија, каде што како што кажа и Мицотакис ние нема да го напуштиме правото за вето, рече Кумуцакос./МИА.

© ЖУРНАЛ    ~34,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.