МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Спорт
Меси, Роналдо... Кои се најплатените играчи во Европа?

Меси, Роналдо... Кои се најплатените играчи во Европа?

петок, 08 февруари 2019, 13:27ч.   |   Xh.I.

Францускиот весник „Лекип" ја објави својата нова листа за најплатени играчи во Европа, Лео Меси е на врвот далеку пред Кристијано Роналдо.

Бундеслигата е единствената од топ 5-те првенствата во Европа која нема преставник помеѓу 10-те најплатени играчи на „стариот континент“.

Ла Лига доминира, Премиерлигата и Лиг 1 се застапени со по двајца преставници додека пак Кристијано Роналдо е единствениот фудбалер од Серија А.

Во листата на „Лекип“, платите се прикажани во бруто износ и се однесуваат за еден месец. Според реномираниот француски весник, далеку најплатен играч е Лео Меси, Аргентинецот има месечна бруто плата од 8,3 милиони евра.

Втора на листата е Кристијано Роналдо со 4,7 милиони евра, додека пак Антоан Гризман скокна во топ три со 3,3 милиони евра откако летоска реши да стави потпис на нов договор со Атлетико Мадрид наместо да направи трансфер во Барселона.

Потоа следуваат Нејмар (3,1 милион евра), Луис Суарез (2,9 милиони евра), Герет Бејл (2,5 милиони евра), Филипе Кутињо (2,3 милиони евра), Алексис Санчез (2,3 милиони евра), Килијан Мбапе (1,7 милиони евра) и Месут Озил (1,6 милиони евра).

Најплатен играч во Бундеслигата е Роберт Левандовски кој има месечно бруто плата од 1,33 милиони евра.
 

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Абрамович си заминува од Лондон, најбогатиот Британец го купува Челзи за 3 милијарди евра!
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!
Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.