МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Технологија
Новиот смартфон на Vivo ќе има поп-ап селфи камера со 32 мегапиксели

Новиот смартфон на Vivo ќе има поп-ап селфи камера со 32 мегапиксели

петок, 08 февруари 2019, 13:14ч.   |   L.E.

Кинеската компанија Vivo најави дека нејзиниот следен смартфон Vivo 15 Pro ќе има поп-ап селфи камера од 32 мегапиксели.

 

Овој смартфон е втор обид на Vivo да ја популаризира предната поп-ап камера и ќе биде официјално претставен на 20 февруари на Mobile World Congress во Барселона, Шпанија.

Познати се многу малку детали за смартфонот, но се знае дека поп-ап селфи камерата ќе биде значително подобрена.

Vivo уште лани го претстави концептот Nex S со вакво решение. Иако концептот на камера на извлекување е интересен, голем недостаток беше што тоа беше камера со 8 мегапиксели.

Меѓутоа, камерата со 32 мегапиксели на уредот Vivo 15 Pro би требало да биде подобар тест на концептот.

Vivo потврди дека и V15 Pro ќе има сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот, како и во Nex S.

Цената засега не е позната, па останува да го чекаме конгресот во Барселона за да дознаеме повеќе детали.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.