МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Спорт
Финалистот ќе биде познат по реваншот на „Бернабеу“! Ел Класико без победник

Финалистот ќе биде познат по реваншот на „Бернабеу“! Ел Класико без победник

четврток, 07 февруари 2019, 09:59ч.   |   Xh.I.

Првото Ел Клаиско во 2019 , судирот на најголемите ривали во светскиот фудбалер, шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид заврши без победник со резултат 1-1 во рамките на полуфиналето од Купот на Кралот.

Патникот во големото финале ќе биде познат по реваншот на 27 февруари кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во мадрид.

Кралевите беа подобри во првиот дел, а домашната Барса во второто полувреме.

Домаќините дербито на Ноу Камп го почнаа без капитенот Лео Меси, кој остана на клупата за резерви поради повреда. Реал го искористи тоа и уште во 6 минута со голот на Васкез резултатски го отвори Ел Класико.

Барселона потоа долго  време ја имаше иницијативата,Ракитиќ ја погоди пречката, Навас беше поуспешен од Суарез, во овој дел и фудбалерите на Реал имаа неколку шанси за зголемување на водството, но, во 57 минута  Барселона заслужено стигнува до израмнување.

Малкон по лошата интервенција на Навас го погодува празниот гол за израмнување на 1-1.

Во продолжението од првото полуфинале иако и Меси влезе во игра фудбалерите на Барселона не успеаја да ја валоризираат теренската иницијатива.

Реваншот во Мадрид се игра на 27 февруари, за вториот финалист во шпанскиот Куп на Кралот одлучува дуелот меѓу Бетис и Валенсија.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.