МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Адеми: Од септември зголемување на платите за професорите

Адеми: Од септември зголемување на платите за професорите

четврток, 07 февруари 2019, 15:39ч.   |   Xh.I.

Министерството за образование и наука ќе има 6,1 милијарди денари буџет во 2019 година, што е за 7,84 проценти поголем во однос на 2018 година. МОН ќе се фокусира на реформирање на основното и модернизација на средното стручно образование, како и за унапредвање на ученичкиот и студентскиот стандард.

Ресорниот министер Арбер Адеми денеска на средба со новинарите рече дека во септември ќе има ново зголемување за 5 отсто на платите на наставниците во основното и во средното образование, а дека првпат по повеќе години зголемување од 5 проценти ќе добијат и професорите во високото образование. За науката се планирани 415 милиони денари.

За  блок-дотации за основни и средни училишта во општините се наменети 14,4 милијарди денари, што во однос на 2017 година е речиси 1,4 милијарда повеќе.

Во основното образование, за кое новиот закон е во втора нацрт-верзија, ќе бидат внесени препораките од анализата на ОЕЦД и УНИЦЕФ за што ќе има и акциски план, а средното стручно ќе се унапредува со нови, модернизирани наставни планови и програми и во соработка со нови бизнис-партнери ќе се проширува концептот дуално образование.

Од септември ќе  биде отворена и математичко-информатичката гимназија. Адеми рече дека сè уште немаат анализа колку паралелки би се отвориле во првата учебна година од нејзиното работење. Додаде дека сега се фокусирани да се обезбеди објект за новото училиште, а потоа, како што рече, ќе ги преземат другите чекори за профункционирање на гимназијата.

Во високото образование, покрај пари за повисоки плати, обезбедени се средства и за формирање на новите институции предвидени со новиот Закон за високото образование – Национален совет за високо образование, наука и истражување и за Агенцијата за квалитет во која како посебни тела ќе функционираат советите за акредитација и за евалуација.

За ученички стандард се предвидени 1,1 милијарда денари, а сега со законска одредба финансиски ќе се поддржуваат домовите и нивните долгови по основ на режиски трошоци.

За капитални инвестиции се наменети 2,4 милијарди денари, што споредено со ребалансот од 2018 е повеќе за една милијарда. Ќе бидат наменети за изградба или реконструкција на училишта и спорстки сали. Адеми рече дека во соработка со Министерството за финансии ја разгледуваат можноста за реконструкција на сите студентски домови со меѓународна помош, но дека идејата е во иницијална  фаза и се во преговори, а за реализација ќе направат приоритети.

© ЖУРНАЛ    ~69,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.