МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Судот го одби барањето на Мијалков да биде ослободен од гонење за „Тортура“

Судот го одби барањето на Мијалков да биде ослободен од гонење за „Тортура“

четврток, 07 февруари 2019, 15:37ч.   |   Xh.I.

Судот на денешното рочиште за „Тортуира" го одби барањето на одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков да биде ослободен од гонење за апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година.

На почетокот на рочиштето, бранителите на Мијалков побараа од судот да го отфрли обвинителниот акт за „Тортура" и да ги ослободат од кривична одговорност обвинетите во овој предмет.

Според адвокатите, обвинителниот акт за овој предмет е поднесен 20-тина дена по истекот на рокот од 18 месеци во кои СЈО можело да поднесува.

СЈО се спротивстави на такворо барање, нагласувајќи дека судот позитивно одлучил по обвинението што значи дека судот го прифатил СЈО како овластен тужител.

Судијката Александра Ристеска го одби предлогот и рочиштето продолжи со сослушување сведоци.

Според Ристеска, мислењето на Врховен не е обврзувачко и ваквите забелешки одбраната требала да ги посочи кога се оценувало обвинението.

Во „Тортура" заедно со Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
 

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.