МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Спорт
Чеферин повторно претседател на УЕФА, евроцентралата очекува рекордни приходи

Чеферин повторно претседател на УЕФА, евроцентралата очекува рекордни приходи

четврток, 07 февруари 2019, 15:36ч.   |   Xh.I.

Александар Чеферин беше реизбран за претседател на УЕФА со нов четиригодишен мандат

Педесет и едногодишниот Словенец беше единствениот кандидат за функцијата за време на годишниот конгрес на централата во Рим и беше утврден на функцијата со одобрение на делегатите на 55-те земји членки на УЕФА.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, кога беше назначен на функцијата на местото на Мишел Платини, кој беше отстранет за кршење на етичкиот кодекс на централата. Словенецoт е седмиoт претседател на УЕФА.

Во меѓувреме стана јасно дека Европската фудбалска централа очекува рекордни приходи во сезоната 2019/20.

– Буџетот за сезона 2019/20 ќе биде насочен главно кон европското првенство и тоа ќе ни овозможи да ги зголемиме приходите кои се очекува да бидат рекордни – 5 милијарди и 725 милиони евра. Вкупните приходи на Европското првенство ќе надминуваат 2 милијарди, а на претходното европско во 2016 година беа 1,9 милијарди, изјави финансискиот директор на УЕФА Јозеф Колер.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.