МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Економија
Ангеловска-Бежоска: ЕБОР може да придонесе развојот на алтернативните извори за финансирање

Ангеловска-Бежоска: ЕБОР може да придонесе развојот на алтернативните извори за финансирање

четврток, 07 февруари 2019, 12:36ч.   |   L.E.

 Гувернерката и вицегувернерите на Народната банка на Република Македонија вчера се сретнаа со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. Делегацијата е предводена од директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и за Ерменија, Франс Викерс и од директорката на ЕБОР за Полска, Бугарија и за Албанија, Виолета Барвицка-Лофтхаус.

На средбата, акцентот беше ставен на дел од приоритетите кои ќе треба да бидат инкорпорирани во стратегијата на ЕБОР за Република Македонија за претстојниот четиригодишен период. Фокусот на делегацијата на ЕБОР беше насочен на утврдувањето на клучните области каде што може да се ангажира оваа меѓународна развојна банка во земјава во текот на следните неколку години за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.

Раководството на НБРМ ги презентира согледувањата и оцените за македонската економија во целина, како и согледувањата и оцените за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност.

„Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и солвентен. Тој е во кондиција којашто овозможува понатамошна поддршка на економијата“ – истакна гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочи и на просторот за понатамошна консолидација на банкарскиот сектор, како и на потребата за развој на останатите сегменти на финансискиот систем и развој на алтернативните извори за финансирање, особено за малите и за средните претпријатија. Токму во овие сегменти се воочи простор за натамошна поголема вклученост на ЕБОР. Воедно, гувернерката се осврна и на новата концепт-стратегија на ЕБОР за Република Македонија, укажувајќи на добро дефинираните приоритети, особено во областа на инфраструктурата и финансискиот сектор, како клучни предуслови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста на економијата.

Ваквите посети на делегација на Одборот на директори на ЕБОР се редовни и се одвиваат на секои две до четири години во секоја земја на работење.

Досега ЕБОР има вложено над 1.8 милијарди евра во 113 проекти во Република Македонија, со цел поддршка на интеграцијата на земјава во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог и особено преку интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициона банка./извор: Makfax

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.