МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Спорт
Солари: Со ваков квалитет на двете страни се е возможно на реваншот

Солари: Со ваков квалитет на двете страни се е возможно на реваншот

четврток, 07 февруари 2019, 10:00ч.   |   Xh.I.

Тренерот на Реал Мадрид Сантијаго Солари беше задоволен со она што го виде за време на првиот полуфинален меч од Купот против Барселона.

Двете екипи одиграа 1:1 на „Камп Ноу“, а Солари порача дека ова беше навистина убав натпревар за гледање.

„Мислам дека мечот беше убав за гледање, не само за тренерите, туку и за навивачите. Ние секогаш сакаме да победиме и денеска имавме неколку шанси да постигнеме уште некој гол. Сепак, задоволни сме со тоа што го направивме денеска. Сега се насочуваме кон првенството“.

„Мечот сигурно беше интересен за навивачите на двата клуба. Во двете полувремиња имавме свои шанси, но тешко е да се зборува за правда во фудбалот. Резултатот е отворен и со ваков квалитет на двете страни од теренот во реваншот се е возможно“, изјави Солари.

Тој ја искористи приликата да го пофали Бразилецот Винисиус Жуниор кој повторно доби шанса да игра во првиот состав.

„Не сум изненаден со неговиот напредок. Го знам, знам каков фудбал игра. Сепак, одлично е да се види како момче од 18 години напредува. Секако, заслуги имаат и неговите соиграчи кои го поддржуваат и му дозволуваат да го развие својот стил на игра“, изјави тренерот на Реал.

Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ се игра на 27. февруари.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Абрамович си заминува од Лондон, најбогатиот Британец го купува Челзи за 3 милијарди евра!
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
Рамос одржал кризен состанок со сите соиграчи, но посебно опоменал една ѕвезда!
Икер е фудбалски господин: Сите играчи на Порто лудо славеа, тој го тешеше расплаканиот трагичар на Рома
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.