МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Култура
Поетско читање и проекција на документарен филм за Адам Загајевски

Поетско читање и проекција на документарен филм за Адам Загајевски

среда, 06 февруари 2019, 12:32ч.   |   L.E.

Во глобалната поетска акција за свет без ѕидови овој месец во повеќе од 130 држави низ светот се одржуваат поетски настани сплотени со танц, музика, филм и театар.

Во кафе галеријата „Котур“ во Скопје утревечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи поетско читање и авторски портрети на поетите Катица Ќулавкова, Долорес Атанасова-Лори, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Јосип Коцев, Исток Ј. Улчар, Андреј Ал-Асади и Наташа Сарџоска.

По поетското читање ќе следи проекција на документарниот филм за полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Автор на филмот е Диме Ратајкоски. Светското поетско движење (World Poetry Movement) е непрофитна организација и меѓународно поетско движење, основано од 140 поетски фестивали ширум светот, 131 поетски проекти, 1305 поети од 138 нации од сите континенти. Се залага за мир, социјална правда, соживот меѓу народите и заштита на земјата, преку одржување глобални поетски акции.

Исто така Светското поетско движење се залага за свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања. Неговата мисија е да придонесе за создавање на еден поинаков и непрекинат хуманизам на 21 век и за интеркултурен дијалог остварен преку братскиот и универзален јазик на поезијата, како и да изгради пат кон преобразба и обнова на свеста на едно човештво за мир, кое ќе биде помирено со природата и културната разноликост, како и кон правда и социјално учество за сите жители на оваа планета.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.