МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
Вицепремиерот Анѓушев во работна посета на Берлин и Белград

Вицепремиерот Анѓушев во работна посета на Берлин и Белград

среда, 06 февруари 2019, 12:27ч.   |   L.E.

 Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе биде во работна посета на Берлин, каде што ќе има средба со Клаудија Дер Вос, државен секретар во Сојузното министерство за економија и енергетика.

Во рамки на активностите на мешовитиот управувачки комитет, каде Анѓушев е копретседавач од македонска страна, како што соопшти неговиот Кабинет, денеска ќе се одржи оперативен состанок на кој ќе се утврдат поконкретни мерки и начини на соработка, а ќе се разговара и за поддршката која официјален Берлин ја најавува за Македонија.

„Во рамките на посетата на Берлин се очекува Анѓушев да има и средби со претставници на компании од автомотоиндустријата и од енергетскиот сектор. Германија е главен трговски партнер на нашата земја со вкупен обем од 3,64 милијарди евра во 2018 година, и раст од преку 15 проценти на обемот во однос на 2017 година, како и земја со која Македонија остварува голем суфицит во трговската размена“, се вели во соопштението.

Анѓушев утре работно ќе престојува и во Белград заедно со министерот за здравство Венко Филипче, каде што ќе имаат средба со претставници на регионалната канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација, членка на групацијата Светска банка.

Со нив ќе разговараат за можности за соработка во реализација на енергетски и други инфраструктурни проекти во Македонија.

 

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.