МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Регион
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција

Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција

вторник, 05 февруари 2019, 17:21ч.   |   Z.H.

 Поранешните турски војници, кои по неуспешниот обид за пуч побегнаа во Грција и добија политички азил се најдоа на црвената листа со терористи на Министерството за внатрешни работи на Турција и за секој од нив се нуди награда од околу 770.000 американскии долари.

 
Турската новинска агенција Анадолија објави дека 74 поранешни војници од терористичката организација ФЕТО, кои се одговорни за пучот во 2016б година  од денеска се на листата за кои наградата е од околу 12,8 милиони американски долари.
 
Веста објавена од турските медиуми, експресно беше пренесена од медиумите во Грција, со оглед на тоа дека доаѓа само неколку часа пред средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.
 
За осумтемина турски војници, кои добија политички азил во Грција и барањето на Турција, говореше лидерот на грчката опозициска Нова демократија на партиски состанокот. Мицотакис рече дека не само тие, туку дека верува дека „сите Грци се загрижени за денешната посета на Ципрас на Турција“.
 
– Турција денеска издаде потерница со награда за осумтемина војници, провокативно игнорирајќи ги конечните пресуди на грчката правда. Советникот и близок соработник на претседателот Ердоган, отворено говори за турско малцинство во Тракија. Прекршувањата продолжуваат со несмален интензитет. Ова е климата во која господниот Ципрас оди да се сретне со господинот Ердоган – рече Мицотакис и додаде дека Ципрас нема голем капацитет да преговара, а како примери ги спомена преговорите за економскиот пакет за помош за Грција во 2015 година и преговорите за името.
 
Воедно, го повика грчкиот премиер сериозните прашања во грчко-турските односи да и ги остави на следната влада.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Српски научник пронајде лек за рак
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.