МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Регион
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија

Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија

вторник, 05 февруари 2019, 16:20ч.   |   Z.H.

 Прашањето за имотите на припадниците на  грчкото малцинство во Албанија било тема на  дискусија во Брисел, јави агенцијата Балкан веб.

 
Грчкиот европратеник Костас Хрисогонос побарал неколку одговори за она што тој го нарекува „кражба на земјиштето сопственост на грчкото малцинство од страна на албанската Влада“.
 
Според грчкиот европратеник, ова е тешка повреда на правата на малцинството што е во спротивност со Европската конвенција за човекови права и се подготвува прашањето да го достави до Европскиот суд во Стразбур.
 
Одговор добил од Комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, кој му рекол дека „Европската Комисија му придава големо значење на правото на сопственост и владеењето на правото за решавање на имотните спорови низ цела Албанија”.
 
Тој посочил дека во својот годишен извештај за Албанија, објавен на 17 април 2018 година, Комисијата наведува  дека земјата се уште не забележала напредок во подобрувањето на правната рамка за регистрација, денацоналзација и обештетување за имот.
 
– Комисијата е свесна за загриженоста на грчкото малцинство во Албанија во врска со почитувањето на правото на сопственост и внимателно, одблиску, го следи развојот на настаните по ова прашање. Исто така, со оглед на комплексноста и важноста на прашањето за имотните права, Комисијата обезбедува финансиска и техничка помош во земјата за да ги реши недостатоците во оваа област – нагласи комесарот Хан.
 
Припадниците на грчкото малцинство кои се конценрирани главно во јужниот дел на земјата, покрај крајбрежјето, обвинуваат дека Владата им ги узурпира имотите за да на нив гради хотелски капацитети или да ги доделува на свои блиски, пред се во  Химара.

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Српски научник пронајде лек за рак
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.