МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Култура
Балетот „Ана Каренина“ в петок на сцената на МОБ

Балетот „Ана Каренина“ в петок на сцената на МОБ

вторник, 05 февруари 2019, 12:21ч.   |   L.E.

 Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на МОБ на 8 февруари 2019, со почеток во 20.00 ч.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Моќна, динамична, емотивна…!

Од медиумите…

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетската претстава „Ана Каренина“

„Модерната адаптација на познатата приказна за љубовта, страста, болката и жртвувањето, со современи и ефектни кореографски и режисерски решенија и со одбрана музика од Чајковски, ја направи хрватскиот кореограф Лео Мујиќ. Тој пред осум години ја поставил „Каренина“ во Хрватско народно казалиште во Загреб каде е прогласена за хит претстава.“ – СМАРТ СДК.МК (26 декември, 2018)

Моќна и емотивна изведба на „Ана Каренина“ во МОБ

„…Одличните танцови решенија, групните балетски сцени, со ставен акцент на емотивното претставување на ликовите во љубовниот триаголник (Каренина, Каренин и Вронски) и нивните меѓусебни односи, како и перфектната симбиоза на двата руски великана, Толстој и Чајковски, која лебдеше и ја исполнуваше атмосферата…сето ова публиката на крајот на балетската претстава го награди со долг аплауз и стоечки овации…“ – ВЕЧЕР – (26 декември, 2018)

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
За прв пат македонски филм во главната програма на Берлинскиот фестивал
Музејот на раскинати врски по 11 години повторно во Скопје
„Тоска“ од Пучини во МОБ
„Роденден на уметноста“ во МКЦ
Почина актерот Славко Нинов
Хрватски детски филмски евергрини од денеска Во Кинотеката
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.