МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Здравје
3 јадења кои можат да го намалат ризикот од Алцхајмер

3 јадења кои можат да го намалат ризикот од Алцхајмер

вторник, 05 февруари 2019, 12:18ч.   |   L.E.

 Знаеме дека ако сакаме да изгледаме добро, треба да обрнеме внимание на тоа како јадеме. Но, нашиот избор на храна е исто така многу важен за нашето општо здравје. Ако не јадеме разумно, постои зголемен ризик од дебелина, проблеми со срцето, дијабетес.

Затоа е важно како го структурираме нашето мени. Научниците веруваат дека постојат три особено корисни јадења која може да го подобрат не само општото здравје, туку и да го намали ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Ова се:

1. Спанаќ

Спанаќот е еден од најкорисните зеленчуци чија потрошувачка го намалува ризикот од анемија. Исто така, обезбедува добри количини на калиум, калциум, витамин А, фолна киселина. Професионалците го поврзуваат внесот на фолна киселина со намален ризик за развој на деменција во подоцнежна фаза на животот. Ако спанаќот не е меѓу омилениот зеленчук, фолната киселина може да се земе и од кељ или авокадо.

2. Лосос

Оваа вкусна риба е важен извор како на омега-3 масни киселини, така и на витамин Б12. Неколку студии покажале дека медитеранската исхрана, која се базира на потрошувачката на маслиново масло, свеж зеленчук, лосос или друг вид квалитетна риба, морски плодови, маслинки, може да е клучот за намалување на ризикот од когнитивни нарушувања, особено Алцхајмеровата болест.

Корисните омега-3 масни киселини освен во рибата (туна, скуша, сардини и други) и морските плодови се содржи и во оревите, лененото семе и други.

3. Ферментирана храна

Во групата на ферментирани јадења спаѓаат маслинки, кисели краставици, кефир, кимчи, јогурт, кисела зелка, кисели краставички. Кога ги консумираме, ние ја поддржуваме бактериската средина во цревата. Според научниците, одржувањето на добри микроби може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Грешки кои ги правите со витамините, а за кои не сте ни свесни
Први симптоми за рак на дебело црево
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.