МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Авто
Juke со нова генерација и електрична изведба доаѓа оваа година

Juke со нова генерација и електрична изведба доаѓа оваа година

вторник, 05 февруари 2019, 11:58ч.   |   L.E.

 По долгите најави, втората генерација на популарниот SUV на Nissan доаѓа ова лето, потврдуваат од јапонскиот производител.

Покрај основната изведба која ќе располага со 1.0 литарски и 1.6 литарски бензински мотор, во понудата доаѓа и целосно електрична изведба која е биде претставена кон крајот на годината. При тоа најпопуларниот дизелски мотор во Renault-Nissan Алијансата, 1.5 литарскиот dCi мотор нема да добие простор во понудата.


Втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификацијаа, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.

Новиот Juke ќе се произведува во европската фабрика во Сандерленд каде минатата година прослави јубилеј од 1 милион произведени Juke автомобили. Цените на основната и електричната изведба остануваат непознати.

Инаку Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

 

© ЖУРНАЛ    ~40,14

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Новиот Golf 8 без камуфлажа
Петте финалисти на Автомобил на Годината во Македонија за 2019 (Фото)
Првиот македонски електричен автомобил
Кој најмногу ги купува автомобилите на Tesla во Европа
Фантастична цена за првиот примерок од новата Toyota Supra (Фото)
SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.