МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Економија
ЕБОР во четиридневна посета на Македонија

ЕБОР во четиридневна посета на Македонија

понеделник, 04 февруари 2019, 12:33ч.   |   L.E.

 Делегација на бордот на директори на ЕБОР од утре во четиридневна посета на Македонија ќе се сретне со претставници од Владата на државно ниво. Директорите ќе се сретнат и со претставници од меѓународните институции, граѓанското општество, инвеститори и претприемачи.

Посетата е како подготовителна активност за новата стратегијата на ЕБОР за Македонија од 2019 до 2023 година. Целта е да се договорат приоритетите на македонската влада и да се идентификуваат клучните области каде ЕБОР може да се ангажира, за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.

Предводник на делегацијата е Франс Викерс, директор за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и Арменија. Делегацијата ја сочинуваат: Виолета Барвика-Лофтхаус,
Директорка за Полска, Бугарија и Албанија, Харолд Фримен, директор за Велика Британија, Јорген Фротзел, директор за Шведска, Исланд и Естонија, Шиничи Накабајаши, директор за Јапонија, Лендер Трепел, директор за Австрија, Израел, Кипар, Малта, Казакстан, Босна и Херцеговина, Патрик Волш, директор за Ирска, Данска, Литванија и Косово, Милан Мартин Цвикл, заменик-директор за Белгија, Словенија и Луксембург, Мартина Кобиличова, заменик-директор за Унгарија, Словачка, Чешка, Хрватска и Грузија, Илка Раисанен, заменик-директор за Норвешка, Финска, Латвија и Либан.

Директорите на ЕБОР ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии и гувернер за Македонија во ЕБОР, Драган Тевдовски, претставници од Кабинетот на вицепремиерот и заменик-гувернер за Македонија во ЕБОР, Кочо Анѓушев, и гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска. Делегацијата ќе има состаноци и со меѓународните финансиски организации, Европската Унија, комерцијалните банки, компании за енергија во државна и општинска сопственост, како и со граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор.

ЕБОР има инвестирано над €1.8 милијарди во 113 проекти во Македонија, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициска банка.

Во 2018 година ЕБОР ја потврди широката посветеност кон регионот на Западен Балкан со нови инвестиции во износ од €1.1 милијарди во 67 проекти. Претходната година беа инвестирани околу 700 милиони во € 57 проекти. Банката и понатаму ја интензивира политичката ангажираност во регионот и ќе биде домаќин на третиот инвестициски самит за Западен Балкан, каде шест премиери од регионот ќе бидат гости на Банката во ЕБОР Лондон. Оваа година годишното собрание на ЕБОР ќе се одржи во Сараево на 8 и 9 мај 2019.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.