МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Технологија
Во Apple имаат големи планови за новиот iPhone кои сигурно ќе ви се допаднат

Во Apple имаат големи планови за новиот iPhone кои сигурно ќе ви се допаднат

понеделник, 04 февруари 2019, 12:30ч.   |   L.E.

 Apple развива телефон кој ќе биде опремен со моќни 3Д камери, а најмоќниот во серијата би можел да има и три камери.

Ако може да му се верува на најновиот извештај на Bloomberg, планот на Apple за 2019-та и 2020-та година веќе им е познат на техно-инсајдерите. Со оглед на тоа што Apple секоја година во септември ги претставува своите нови модели, технолошкиот гигант токму сега веројатно ги носи конечните одлуки за изгледот на новата серија на уреди.

Со тоа, може да се каже дека оваа година iPhone на Apple ќе доживее најголем напредок кога станува збор за камерата.



Наводно, новиот iPhone кој ќе биде претставен оваа година ќе биде опремен со 3Д камери на задната страна, што е чекор напред во однос на актуелните модели кои што користат 3Д камера на предната страна која што служи за биометриско отклучување со помош на Face ID технологијата.

Новата моќна камера најверојатно ќе може да мери оддалеченост на предметите, што дополнително ќе го подобри и користењето на апликациите за проширена реалност.



Секако, Apple како и секоја година досега, ќе претстави унапредени модели, што значи дека новиот iPhone, покрај моќната камера, ќе добие и помоќен процесор, а најскапиот модел кој ќе го наследи iPhone XS Max ќе има три камери на задната страна.

Ако може да им се верува на инсајдерите, тогаш новите три модели на iPhone ќе бидат:

- Наследникот на iPhone XR ќе пристигне со LCD екран и камера со два објективи на задната страна, а ќе се продава по цена од 749 долари.

- Наследникот на iPhone XS ќе има подобрен OLED екран и двоен објектив на задната страна, а ќе се продава по цена од 999 долари.

- Наследникот на iPhone XS Max овој пат ќе има три камери на задната страна и ќе се продава по цена од 1099 долари или повеќе.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа
Samsung Galaxy Note10 би можел да има полнење побрзо од 25W
Huawei Mate 30 Pro
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.