МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Авто
Следниот BMW M3 ќе има 500 коњски сили?

Следниот BMW M3 ќе има 500 коњски сили?

понеделник, 04 февруари 2019, 12:20ч.   |   L.E.

 Инсајдери кои се директно инволвирани во развојот на следната генерација на дефинитивниот спортски седан сугерираат дека новиот M3 ќе располага со околу 500 коњски сили!

Иако сега за сега ова се само шпекулации, со оглед на насоките во кои се движи автомобилската индустрија и заострената конкуренција меѓу германските производители, сосем е можно следниот M3 да има дури 500 коњски сили. Според извори на BimmerPost, производството на следната генерација на M3 ќе започне во 2020 (што е во согласност што го дознавме од инженерите на BMW кога неодамна ја возевме новата Тројка во Португалија – дека животниот век на тековниот M3 ќе биде 7 години, а тој беше за прв пат претставен во 2013).

Интересно е дека истиот извор сугерира и извесен новитет – Pure модел кој ќе биде „основен“ модел кога станува за моќност, но ќе биде наменет за оние кои сакаат вистинско возачко искуство. Овој модел би имал 444 коњски сили и ќе се нуди само со погон на задните тркала, и можно е токму оваа верзија да добие и мануелен менувач. Според истиот извор, сите варијанти на M3 и M4 ќе имаат диференцијал со ограничено пролизгување, адаптивна суспензија, спортски седишта и уште грст други додатоци кои веќе ги очекуваме.

На самиот врв ќе биде Competition изведбата која ќе нуди 500 коњски сили. Оваа изведба ќе се нуди со супер-брз автоматски менувач и (за прв пат во M3/M4) погон на сите четири тркала. Тоа најверојатно би била некоја варијанта на истиот погон на сите четири тркала кој се вградува во Серијата 5. Оваа верзија ќе доаѓа со 19 и 20-инчни тркала, карбонски сопирачки, итн.
Секако, сите овие гласини се непотврдени, но доаѓаат од извор кој досега неретко бил извор на точни информации. Останува да почекаме!

(На фотографијата е прикажана новата Серија 3 во M-Sport изведба и со M Performance додатоци.)

 

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
Skoda почна да работи на новата генерација на Octavia
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
Најагресивниот Lamborghini Urus досега
СУВ возила со најголема потрошувачка (Фото)
Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Eлон Маск
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.