МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Регион
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката

Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката

понеделник, 04 февруари 2019, 12:39ч.   |   Z.H.

 Во последните три дена во Пазин, Хрватска, паднаа обилни 142,4 мм дожд, што е значително ако се земе предвид дека просечните врнежи во февруари изнесуваат 79,6 мм.

Одеднаш надошле притоките на реката Пазинчица, вклучувајќи ја и притоката Дражеј, која поминува кај депонијата на градежен материјал „Лакота“.

Проблемот со надојдената притока Дражеј и стовариштето „Лакота“ веќе е познат подолго време, а сето тоа кулминира со отворањето на огромна дупка во депонијата на 1 јуни 2018 година, пишува „Истрамет“.

Од граѓанската иницијатива „Наш поток” известуваат дека огромни количини градежен отпад, пластика, гума и агротекстил завршиле во Пазинчица и Пазинска Јама.

Бидејќи Пазинчица е река понорница, чиј дел се протега дури и до Раша, се заканува еколошка катастрофа од големи размери.

 

 

Големото количество дожд за кратко време активира лизгање на земјиштето и предизвика одрони, особено во северниот дел на Истра.

Иако се работеше цел ден на теренот, за санирање на големиот одрон на земјиштето во близина на населбата Банковци денес на помош доаѓаат багери.

© ЖУРНАЛ    ~101,35

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Српски научник пронајде лек за рак
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.