МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Регион
Уапсен монах поради несреќата на Скадарското Езеро

Уапсен монах поради несреќата на Скадарското Езеро

понеделник, 04 февруари 2019, 12:38ч.   |   Z.H.

 Монахот од манастирот Врањина Горан Кимпанов е уапсен поради трагедијата што се случи вчера на Скадарското Езеро, во која  животот го загубија четири лица.

 
Како што пренеува Б92, на монахот Кимпанов на товар му се става дело против општа безбедност и предизвикување општа опасност.
 
Четири лица се удавија вчера кога чамецот во кој имало повеќе луѓе се преврте кај манастирот Врањина, на Скадарското Езеро, додека петмина беа спасени.
 
Во несреќата се удавија маж, неговата бремена сопруга, нивната 12-годишна ќерка и друг маж, кој се обидел да ги спаси, објави подгорички „Вијести“.
 
Во чамецот, освен нив биле и уште четворица луѓе и игуменот на манастирот, кој управувал со пловилото. Тие биле гости на манастирот, каде што со литургија бил прославен именденот на игуменот Неофит, а пред нив свештеници на брегот пренеле три групи луѓе.
 
Несреќата се случила околу 15 часот, кога почнало невреме со големи бранови кои го потонале чамецот.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Нова порно афера ја тресе Србија: Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.