МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Свет
Пентагон ќе испрати дополнителни 3.750 војници на границата со Мексико

Пентагон ќе испрати дополнителни 3.750 војници на границата со Мексико

понеделник, 04 февруари 2019, 16:32ч.   |   Z.H.

 Пентагон ќе испрати 3.750 дополнителни војници на југозападната граница со Мексико со цел да ги поддржат пограничните агенти во наредните три месеци, врз основа на одлуката одобрена од страна на в.д. министерот Патрик Шанахан од 11 јануари.

Со распоредувањето вкупниот број на активни сили за поддршка на царинските и граничните агенти ќе се зголеми на околу 4.350, се вели во соопштението на Министерството за одбрана од неделата.
 
Пентагон ја откри официјалната бројка неколку дена откако пратеник од Демократската партија изјави дека околу 3.500 дополнителни војници ќе бидат распоредени.
 
Претседателот Доналд Трамп, кој ја отслика состојбата на границата како кризна, се очекуваше да зборува за имиграцијата и неговиот предлог за ѕидот по должината на границата на САД со Мексико, за време на Годишниот говор за состојбата на нацијата во вторникот.
 
Барањето на Трамп парите за ѕидот да бидат вклучени во буџетот предизвика ќор-сокак со демократите што доведе до делумна блокада на федералната влада во траење од 35 дена, која заврши на 25 јануари.
 
Ако пратениците не можат да постигнат договор за сосотојбата со безбедноста на границата до 15 февруари, Трамп се закани дека повторно ќе ја блокира владата или ќе објави национална вонредна состојба за да го заобиколи Конгресот и да ги добие своите пари за ѕидот, пренесе Ројтерс.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион
Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа
Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.