МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Свет
Полското месо од болни крави најдено во тринаесет земји во ЕУ

Полското месо од болни крави најдено во тринаесет земји во ЕУ

понеделник, 04 февруари 2019, 16:32ч.   |   Z.H.

 Европската Комисија соопшти дека тринаесет земји во ЕУ се засегнати од извозот на расипано говедско месо од Полска. Земјите во кои може да се најде ова месо се и Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска и Словачка, информираа службите на ЕК за безбедност на храната.

 
-Од блиску го следам случајот и побарав од инспекторите во мојот тим да бидат во Полска в понеделник за да ја проценат состојбата на терен. Приоритет е да се пронајдат и повлечат сите производи кои доаѓаат од таа касапница, изјави еврокомесарот за безбедност на храната, Витени Андриукаитис.
 
Тој ги повика полските власти да спроведат темелна истрага и да ги преземат сите потребни мерки за почитување на правото на ЕУ, вклучително и „ефикасни и брзи казни“ против ова „криминално однесување“ кое претставува ризик за јавното здравство и сведочи за „неприфатлив третман на животните“, додаде комесарот.
 
Полските власти во петокот ја информираа Европската Комисија дека касапницата е затворена и дека се уништуваат производите кои доаѓаат оттаму.
 
Кон крајот на јануари, истражувачки новинар во Полска откри дека во касапницата се малтретираат животните и дека се произведува расипано месо од болни говеда кое потоа се извезува ширум ЕУ.
 
Европската Комисија го активираа системот на брзо алармирање за прехранбени производи.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.